Поднесување на барање - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Поднесување на барање

ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Начин и посредување при барање на пристап до информации од јавен карактер.

Начин на поднесување на барање за пристап до информации (начин на поднесување усно и писмено барање за пристап до информации, како и барање поднесено по електронски пат)

Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер овозможува пристап до информации од јавен карактер што ги создава или со кои располага ООУ „Блаже Конески“, согласно член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со исклучок на информациите наведени во член 6 од истиот Закон.

Барателот, пристап до информацијата може да бара: усно, писмено или во електронски запис, при што барањето поднесено во електронска форма се смета за писмено поднесено барање.

Писменото Барање може да се поднесе до ООУ „Блаже Конески“ непосредно во архивата; преку пошта на адреса на ООУ „Блаже Конески“, 7500 Прилеп, како и да се поднесе во електронска форма (преку е-маил: oublazekoneski@gmail.com, ou-blazhekoneski-prilep@schools.mk, zaklina.gegoska@hotmail.com)

Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да се поднесе на утврдениот Образец на Барање (даден подолу) или на обичен лист хартија, но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето.

Во случај кога барањето е поднесено од страна на овластен полномошник, кон барањето треба да биде приложено уредно полномошно.

Кога барателот бара пристап до информација со усно барање, службеното лице составува записник за тоа.

Барањето, исто така, може да се достави во online формат на  slobodenpristap.mk

Подносителот на барањето може да се информира за сите прашања од интерес поврзани со остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, кај службеното лице: Жаклина Гегоска, контакт телефон: 048 417 755, 072 263 906 и и-мејл: zaklina.gegoska@hotmail.com

Линкови:

ООУ БЛАЖЕ КОНЕСКИ
ПРИЛЕП

тел: 048 417 755