На иницијатива на Здружението на наставници по германски јазик и книжевност на Република Македонија, денес во основно училиште Кочо Рацин, голем дел од основните и средните училишта од Прилеп го одбележавме 26 Септември – Денот на Европските јазици . Прославувајќи ја различната шареноликост низ песни , креативни игри и пораки за мир , уште еднаш покажавме дека јазикот е многу повеќе од граматика и вокабулар. Јазикот е клуч кон нови хоризонти, пријателства и соработка – наш прозорец кон светот . Денес, повеќе од кога било, важно е да ја истакнеме улогата на јазикот како средство за разбирање и мир . Тоа е и главната порака со која ЕУ го одбележува овој ден. Затоа и ние со нашите деца од Блаже Конески ,зедовме учество и денес го прославивме јазикот како клуч за толеранција, мирно и хармонично заедничко живеење . „Јазикот коски нема – ама коски крши!“ – затоа умно да ги одбираме зборовите и да не забораваме дека „добриот збор, железни порти отовра!“ . Погледнете дел од атмосферата која ја доживеавме на сопствена кожа и уживајте ! Europe House Skopje Mazedonischer Deutschlehrerverband Goethe-Institut Skopje.
This message is only visible to site admins
Problem displaying Facebook posts.
Error: Error validating access token: The session has been invalidated because the user changed their password or Facebook has changed the session for security reasons.
Type: OAuthException
Code: 190
Subcode: 460
Type: OAuthException
Code: 190
Subcode: 460