По повод 24 Мај –„Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј“ учениците од четврто одделение од ПОУ -Варош заедно со својата наставничка Ана Марија Дукоска пригодно го одбележаа денот на браќата просветители со посета во ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески “-Прилеп. Голема благодарност до Почитуваната Директорка Андријана Ристеска која што ни овозможи да ја посетеме библиотеката и да стекнеме големо знаење за браќата Кирил и Методиј и да научиме нешто повеќе за нашата библиотека. Директорката ни раскажа за библиотеката која што има 138.000 илјади книги и дека оваа година слават 80 години постење на ЈОУ Градска библиотека. Учениците се претставија со творби на браќата Кирил и Методиј со ветување дека ќе го следат делото на браќата и ќе бидат вредни и послушни ученици.
Галерија.