Пчелите и нивната улога во зачувување на природата - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Пчелите и нивната улога во зачувување на природата

Учениците од седмо одделение реализираа едукативен и забавен час за своите помали другарчиња од трето одделение, посветен на значењето на пчелите во природата. Наставната активност се одвиваше во рамки на изборниот предмет „Пчелите и нивната улога во зачувување на природата“.
За време на часот, седмоодделенците им објаснија на помалите ученици колку пчелите се важни за опрашувањето – процес кој овозможува растенијата да даваат плодови и семиња. Преку презентации, разговори и интересни примери, третотоодделенците дознаа дека благодарение на пчелите се произведува медот, но и многу други корисни производи.
Часот беше исполнет со интерактивни активности, прашања и кратки демонстрации. Помалите ученици покажаа голем интерес и љубопитност, а постарите уживаа во улогата на ментори. Оваа активност е прекрасен пример за соработка меѓу генерации и учење преку споделување знаење, при што сите ученици стекнаа нови сознанија за важноста на пчелите во зачувувањето на природата.
Активноста беше реализирана со поддршка на наставничките Катерина Јонческа и Ангелка Баракоска.

Comments are closed.