Учениците од 3-5 одд. беа во посета во една од најуспешните компании.
Во текот на посетата, учениците имаа можност да се запознаат со работата на компанијата, современите машини и начинот на производство. Учениците покажаа голем интерес, активно следеа и поставуваа прашања, со што се поттикна нивната љубопитност и интерес за техниката.
Со голема чест и искрена благодарност упатуваме благодарност до компанијата Микросам за топлиот прием, гостопримството и одвоеното време за нашите ученици.🫶






