Првачињата го посетија Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп. Посетата беше дел од проектот European heritage days 2024.
На учениците им беа презентирани музејски приказни прилагодени на возраста. Целта беше негување на културното богатство и традицијата на Македонија.