РЕТКИ ХЕРОИ , ПОСИЛНИ ОД СТАКЛО! - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

РЕТКИ ХЕРОИ , ПОСИЛНИ ОД СТАКЛО!

Месецот февруари е месец на ретките болести! Месецот како редок е месец за подигнување на свеста за ретките болести и сите предизвици со кои се соочуваат децата, луѓето засегнати со истите!
Учениците од IV-3 одделение под менторство на наставничката Весна Арсиќ и
психологот Ана Талеска со дечињата од ЈОУГД ,,Наша Иднина” , објект ,,Бајка” , возрасна група од 2- 3 години под менторство на Благица Димоски, воспитувач и Татјана Петкоска, неговател , успешно реализираа заедничка работилница на тема : „РЕТКИ ХЕРОИ , ПОСИЛНИ ОД СТАКЛО“.
Учениците се запознаа со болеста, Епидермолиза булоза – „ Деца пеперутки“ , ретка, сурова и болна. Преку истражување воочија дека овие деца не се направени од стакло. направени се од храброст која ние не можеме ни да ја замислиме! Ги открија следниве податоци:
Името на ретката болест доаѓа од симболиката на крилјата на пеперутките. Крилјата на пеперутките се екстремно нежни и ако ги допрете малку посилно, тие може да се оштетат. Истото се случува и со кожата на овие дечиња – таа е толку кревка што се оштетува при најмал допир, триење или притисок! Се појавуваат рани како изгореници, дури, етикетите и шевовите на облеката можат да предизвикаат оштетување. Стекнатите знаења беа пренесени на дечињата од ЈОУГД,,Наша Иднина” – Објект,,Бајка” Во знак на поддршка:
-Изработка на крилја на пеперутки;
-Танцот на пеперутките;

– Направени шарени рачиња, испратени силни, јасни и гласни пораки, прифаќање на лицата со ретки болести, лица кои заслужуваат да бидат запознати , лица кои можат секогаш да направат од нас, подобри ЛУЃЕ! Само со ПОДДРШКА, ЉУБОВ, ПОЧИТУВАЊЕ, ЕМПАТИЈА, РАЗБИРАЊЕ, можеме да дадеме надеж и сила !
Ретките се инспирација! Ретките се силни! Ретките се храбри!
Голема благодарност до колективот на објектот ,Бајка” за гостопримството, професионалноста, подадената рака, соработката, дечињата, за топлата насмевка, верната публика, поддршка,педагошката служба од ООУ ,,Блаже Конески ” што беа дел од овој настан . Ви благодариме од срце! Поддршката е клучот.! Заедно сме посилни!

Видео.

 

Comments are closed.