Запишување на ученици за учебната 2021/2022 година - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Запишување на ученици за учебната 2021/2022 година

Почитувани родители и наши идни ученици!

Ве известуваме дека согласно Законот за основно образование, уписот на првачиња за оваа учебна година ќе се реализира во периодот од 05 до 31 Мај 2021 година, а во согласност со препораките за заштита од Ковид-19.

Во текот на месец Мај ќе добиете покана за упис на Вашето дете. Доколку до 20 Мај не добиете покана потребно е сами да дојдете во просториите на училиштето за упис.

Од оваа година им се овозможува на родителите по електронски пат да ги достават потребните документи преку порталот uslugi.gov.mk после кое ги очекуваме на закажан состанок за разговор.

Законски обврзници се децата родени во периодот од 01.01.2015 до 31.12.2015 година односно со наполнети 6 години.

За деца родени од 01.01.2016год. до 31.01.2016 год. родителите доставуваат писмено барање до Комисијата за упис при што ќе  добијат мислење од стручните соработници.

При уписот на Вашето дете потребно е:

  • Присуство на еден родител со детето и  лична карта.
  • Извод од матична книга на родени (оригинал за увид)
  • Потврда  за задолжителни примени вакцини издадена од надлежна здравствена институција.
  • Потврда од извршен офталмолошки преглед издадена од надлежна здравствена институција.
  • Потврда за извршен стоматолошки преглед издадена од надлежна здравствена институција.

Доколку при запишување на детето родителот не достави потврда за извршен офталмолошки преглед, потребно е да приложи упат за вршење на офталмолошки преглед, со што потврдата треба да се донесе веднаш по добивање на истата или пред започнување на учебната 2021/2022 година.

Доколку при запишување на детето родителот не достави потврда за стоматолошки преглед, потребно е истата да ја достави пред започнување на учебната 2021/2022 година.

 

Дата:
28.04.2021 година
Директор:
Ангелка Баракоска
Comments are closed.