Аз, буки, веди… Кирил згрбавен над слабата светлина, на белата хартија со петлово перо ги нижи светлозрачните букви. Буква по буква, збор по збор ја создава светлината на слепите, звукот на глувите. Таа, глаголицата, им ги отвори очите на заслепените Словени од германската и грчка власт. Тие светци, Кирил и Методиј, им ја даваат храната и водата на гладните и жедни Словени.
Кирил и Методиј, славните браќа од IX век, се централни личности на севкупната словенска самобитност. Нивната заслуга како создатели на првото словенско писмо, првите преводи од грчки на словенски јазик и на наајстариот словенски книжевен јазик – старословенскиот, е трајна. Денес тешко може да се замисли каков бил патот на етничкиот и на духовниот развој на словенските народи и каде би се нашле тие меѓу другите народи во Европа, да не бил тој судбоносен потфат на Кирил и Методиј.
Без словенската писменост и современата цивилизација би била посиромашна за суштината на народниот бит и гениј на бројниот словенски род.
Делата на Кирил и Методиј ќе останат засекогаш да сведочат за тешката борба за описменување на словенскиот народ и како што кажува Климент во своите дела:
„…Кога тие двајца ќе дојдат
слепите ќе прогледаат,
а глувите ќе слушаат…“.
Проследете дел од видео презентациите на ученици од нашето училиште.
Свети Кирил и Методиј
Тие словенски браќа
Просветители наши
За народот мислеа
И свето слово напишаа.
Светлина ни дарија
Слово ни подарија
Штит од зло да не штити
Како гердан да не кити.
Азбуката денес постојано ја пееме
Црното семе на книга го сееме.
Анастасија Митреска V-3 одд.