Во рамките на проектите: „Програма за планирање на активности за професионална ориентација и кариерно советување“ и „ Родителот во улога на наставник “ денес, кај третооделенците во нивната училница , гостин беше родителот, Др. Марија Сливјаноска. Учениците се запознаа со една од професиите кои се грижат за здравјето на луѓето, лекар. Се одржа предавање на тема: Унапредување на здравјето , грижа за сопственото здравје и здраво живеење. Прекрасен час, учениците беа внимателни, воодушевени од излагањето на гостинката , научија многу нови поими и содржини, поставија многу прашања и добија многу одговори, значи учениците учеа, играа и уживаа во активностите на часот. Проектите овозможуваат зајакнување на врската родител – ученик – наставник, што значи јакнење на воспитната и образовната компонента преку заеднички едукативни активности во училиште, училница. Голема благодарност до родителката за неjзиното ангажирање и посветеност, СЕ за доброто на нашите деца! Одделенски наставници : Наташа Димеска III -1 одд. Наташа Ристеска III -2 одд. Весна Арсиќ III -3 одд.
This message is only visible to site admins
Problem displaying Facebook posts.
Error: Error validating access token: The session has been invalidated because the user changed their password or Facebook has changed the session for security reasons.
Type: OAuthException
Code: 190
Subcode: 460
Type: OAuthException
Code: 190
Subcode: 460