Адреса: Самоилова бр. 15, 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

oublazekoneski@gmail.com

Самоилова бр. 15

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

oublazekoneski@gmail.com

Самоилова бр. 15

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Следете ги препораките на Министеството за образование и наука, учете преку интернет и #Останетедома.

Информација за доделување стипендии на деца со попреченост

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“, го реализира Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. Проектот, кој е финансиран од Европската Унија и трае од 1.09.2020 до 31.08.2023, има за цел да обезбеди целосна и рамноправна вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта, кои прераснуваат во институции отворени и пристапни за сите деца и посветени кон обезбедување квалитетно образование на децата со разновидни образовни потреби. 

Проектот ќе ги поддржува и зајакнува активностите на Владата, граѓанското општество, засегнатите страни и донаторите преку:

–  осмислување и спроведување на програма за стипендирање со цел подобрување на запишувањето и редовноста на 450 деца со попреченост во почетните одделенија на основното образование, првенствено во редовните училишта;

спроведување кампањи за подигање на свеста и активности за промовирање на важноста на инклузивното образование, обезбедување национална и локална поддршка, инвестирање и посветеност кон создавање инклузивни средини за учење, елиминирање на бариерите и подобрување на приемчивоста на сите засегнати страни како и на пошироката јавност;

градење на капацитетите на раководството, наставниците, стручните служби и специјалните едукатори во 40 училишта и вработени од локалните самоуправи одговорни за образованието, со цел подобрување на нивното разбирање и капацитети за планирање и изведување на прилагодена и диференцирана настава, во согласност со најдобрите национални и меѓународни практики;

–  подобрување на пристапноста до и во училиштата за учениците со попреченост, преку инфраструктурни и технички подобрувања во 40 училишта кои се веќе посветени на создавање инклузивна средина за предавање и учење;

–  обезбедување туторска поддршка за ученици со попреченост вклучени во образовниот процес, со цел совладување на наставната програма и/или ИОП.

Во периодот кој претстои ќе се објави оглас за стипендирање на 300 ученици со попреченост од и од II одделение за учебната  2020-2021 година.

Превземи ја информацијата овде.

Коментарите се затворени.