Адреса: Самоилова бр. 15, 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

oublazekoneski@gmail.com

Самоилова бр. 15

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

oublazekoneski@gmail.com

Самоилова бр. 15

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Следете ги препораките на Министеството за образование и наука, учете преку интернет и #Останетедома.

Посветено на нашите полуматуранти

Завршува едно поглавје од вашите животи. Пред вас се отвораат нови патишта полни со предизвици. Тие патишта ќе ве водат низ животот, некогаш ќе имате успони а некогаш падови. Но не се обесхрабрувајте, не е важно колку пати ќе паднете во животот, важно е колку пати и како ќе станете. Бидете горди на себе си, на своите дела како што ние се гордеевме на вашите успеси. Поминавме заедно девет  години во школските клупи. Заедно ги доживувавме сите ваши радости, таги, успеси и неуспеси, првите симпатии, другарски расправии….. Заедно се искачувавме скала по скала, чекор по чекор кон повисоки стремежи и идеали. Ние бевме вашиот втор дом, место каде секој од нас  со својот дел допринесе да се нареди сложувалката во вашите срца. Секој од нас на различен начин остави белег во вашиот живот. Нашата цел беше најдобронамерна, преку нашето делување да ве збогатиме со знаења, да ви го отвориме прозорецот кон светот. Ќе ве паметиме како генерација која беше жедна за нови знаења, жедна за живот. Тука се разделуваат нашите патишта, ние почнуваме одново да подигаме нова генерација а вие продолжувате да се искачувате кон освојување на нови висини со нови ликови во вашите животи, кои ќе ја имаат истата мисија како нас. Останете такви какви што ве знаеме, радосни, палави, полни со живот, непоколебливи и хумани. Потрудете се да ја зачувате чистотата во вашите срца, бидете луѓе, подавајте си рака, заеднички градете ја својата иднина.

Од мое име и од името на нашиот колектив, од името на вашите наставници од сè срце ви ја честитаме полуматурата и ви посакуваме искрени желби за успех во животот.

 

В.Д. Директор: Ангелка Баракоска
Наставнички колектив ООУ„Блаже Конески“ – Прилеп

 

Коментарите се затворени.