Како и секоја учебна година, така и оваа 2019/20 година, а согласно критериумите за избор на првенец на генерацијата, соодветната комисијата ги разгледа кандидатурите на нашите деветтоодделенци и за првенец на генерацијата ја прогласи ученичката Михаела Наумоска од IX-2 одделение.
Михаела првите спомени од училишниот живот ги креираше со наставничката Дијана Смугреска, од II до V одделение „играше“ со букви и броеви под раководство на наставникот Драшко Дичоски. Продлабочувањето на основните знаења течеше под будното око на раководителот на паралелката Маргарита Магдеска.
Неизоставно ќе ги споменеме и предметните наставници: Наташа П. Ристеска, Павлинче Р. Темелкоска, Христина Мирческа и Весна Мојсоска под чие менторство, вредната Михаела освои бројни општински, регионални и државни награди, меѓу кои и една меѓународна- екипна.
На крај да и посакаме на Михаела и на сите наши полуматуранти успеси на патот на образованието со пораката:
- Успехот е како скала, на неа не можете да се искачите со рацете во џебовите. 🙂
Значи драги идни средношколци не ги штедете своите сиви мозочни ќелии, напротив, немилосрдно користете ги, а тие за возврат ќе ве доведат до богатство од знаења!
Автор: Вера Искова