Во ООУ „Блаже Конески” – Прилеп се одржa едукативно предавање за учениците од машки пол, на кое се зборуваше за машкото здравје, здравите животни навики и важноста од навремено барање лекарска помош.
Предавањето го реализираше д-р Мартина Амбарџиева од Македонското уролошко здружение, со цел да се подигне свеста кај младите за грижата за сопственото здравје и значењето на превенцијата.
Грижата за здравјето започнува со знаење, свесност и навремена превенција!




