Ајде да ги зближиме европските земји така што ќе научиме по нешто за секого. Проектот ЦРТЕЖИ КОИ ПАТУВААТ ја има таа цел да ги зближи европските земји преку фотографии/видеа кои го илустрираат историското, културното и гастрономското наследство на секоја од учесничките.
Во овој проект учествуваа учениците од петто 3 одделение. Секој ученик, член во проектот преку својот автопортрет отпатува во друга земја користејќи ја класничната пошта, писмото, каде го посети локалното наследство. Секој ученик имаше можност на свој начин да ги претстави убавините и историските знаменитости во своето место на живеење, да ја пренесе културата и традицијата на својата земја и на локалното место. Проектот содржи многу интересни и забавни активности за учениците реализирани низ виртуелни училници, воннаставните активности и предметите Ликовно образование, Историја и општество, Музичко образование Македонски јазик и Животните вештини.
Проектот започна на 18 септември 2023 година. Во него учествуваат наставници и ученици од Португалија, Грција, Република Северна Македонија и Кипар.
Основач на проектот – Марсија Алвес – Португалија, (Marcia Alves),
Ко-основач – Елени Дијаманти – Грција (Lena Diamanti),
член- Ангелка Баракоска – РС Македонија (Angelka Barakoska),
член- Хара Ѓоркаци – Кипар (Chara Giorkatzi),
член – Паола Шембел – Португалија (Paula Chambel),
член – Селија да Силва – Португалија (Célia da Silva),
член – Елени Анагносту – Грција (Eleni Anagnostou).