Нашето училиште успешно го спроведе проектот „Перото на македонските автори за децата во нашата училница“ организиран од Здружението на одделенски наставници. Во проектот учествуваа: учениците од III-3 одделение под менторство на наставничката Весна Арсиќ, учениците од IV-1 одделение под менторство на наставничката Ана Бошкоска и учениците од IV-3 одделение под менторство на наставничката Габриела Стевананџија. Учениците од III-3 одделение под менторство на наставничката Весна Арсиќ, на гости ја поканија нашата библиотекарка, поетеса Вера Искова која со радост ја прифати поканата. Весна Арсиќ -Вера Искова https://drive.google.com/file/d/1QDpZrPO0ytgKjUd_BImengBGG5pd8P2U/view Назив на активноста: ,,Волшебното ковчеже и волшебните очила” Цел на активноста: -Учениците да се запознаат со животот и творештвото на поетесата Вера Искова, наша сограѓанка , но и библиотекарка во нашето училиште. -Да се потенцира моќта на читањето,да се пронајде задоволство во читање на книги, бидејќи книгите се нашето најголемо богатство. Краток опис на активноста: Активностите се реализираа на два наставни часа. На таблата се истакнаа најпознатите цитати за книгата и читањето. Учениците ги прочитаа и анализираа најпознатите цитати за книгата и читањето. Ја потенцираа моќта на читањето! Испратија порака, до сите деца , но и до младите, возрасните, да пронајдат задоволство во читање на книги, бидејќи книгите се најголемото богатство! Истакнав дека ќе имаме гостин во нашата училница. Потоа во нашата училница пристигна и нашата библиотекарка. Учениците се збунија, бидејќи библиотекарката не е гостин, наша е. , Но, таа пристигна во различна улога, во улога на поетеса. Таа пристигна со своето волшебното ковчеже и волшебни очила.Ги истакна очилата кои поседуваат волшебна моќ во себе, очила со кои неизоставено се избира најубавата бајка, највозбудливиот расказ и најинтересната песна! Продолжи да ја раскажува својата животна приказна за нејзината дружба со книгите, така што тие почнале да и се доверуваат! Нејзините најдобри другари, книгите и станале инспирација за творење на нашата библиотекарка , поетеса. Љубопитните деца поставуваа прашања, нашата поетеса со голема љубов и внимание одговараше на поставените прашања. Учениците беа возбудени кога нашата поетеса го истакна волшебното ковчеже, кое беше преполно со книги, напишани во проза и поезија. Учениците ги разгледаа книгите, воочија кои книги се напишани во проза, а кои во поезија. Меѓу книгите се наоѓаа и книгите на поетесата, збирки песни. Ги стави волшебните очила и започна да чита дел од својата поезија. Секој ученик посака да биде дел од оваа приказна. На авторското столче со помош на волшебните очила се читаа делови од бајки, басни, раскази, песни, акцент на збирките поезија од нашата поетеса , Вера Искова. Учениците беа воодушевени. Ја покажаа својата креативност преку изработка на посебни обележувачи, како што и самите истакнаа дека се волшебни. Ана Бошкоска – Блаже Конески https://drive.google.com/file/d/1ijZNbcsfcRp4da7oaDpuzwmYn6-FVCLB/view Габриела Стевананџија-Александар Кујунџиски https://drive.google.com/file/d/1ETrlkC_esExnghLiTIEBM11oXID4Ci1M/view Би сакале јавно да се заблагодариме од нашето име, името на наставничката Весна Арсиќ и нејзините ученици на нашата библиотекарка, поетеса Вера Искова која со радост ја прифати поканата и беше дел од приказната на III—3 одд. БЛАГОДАРИМЕ!
This message is only visible to site admins
Problem displaying Facebook posts.
Error: Error validating access token: The session has been invalidated because the user changed their password or Facebook has changed the session for security reasons.
Type: OAuthException
Code: 190
Subcode: 460
Type: OAuthException
Code: 190
Subcode: 460