Денес учениците од четврто одделение од ПОУ Варош заедно со наставничката Елена Стојаноски имаа теренска настава со посета на дел од црквите во населбата Варош. Предавање им одржа наставникот по историја Горјан Василески и им објасни за фреската во манастирот Св. Архангел Михаил која е насликана во 1371год. по барање на Крал Марко од жал за неговиот починат татко. Потоа ја посетивме и црквата Св. Атанасиј која според верувањата неколку пати го граделе покривот но наредниот ден бил срушен. Изградена е уште во 14 век.
Варош уште се нарекувал и стар град и има големо културно богатство во кој постоеле 77 цркви.
Галерија.