На 20 септември се одржи шестата по ред поетска манифестација ДЕТСКИ ГЛАСОВИ 2025!
Промоција на стихозбирката „Детски гласови 2025“ во организација на Жар Преспа / Ember Prespa.
Дел од стихозбирката , со своите лични творби се учениците од IV-3 под менторство на наставничката Весна Арсиќ : Андреј Златески ,Стефан Стојчески ,Ања Ѓорѓиоска, Матеја Грижоска , Дарија Чадамова, Сара Стојческа, Адријан Шашевски,Филип Момироски и ученичката Ана Марија Шашеска од VIII одделение под менторство на наставничката Катерина Димкоски .
Но, не застанувват, наградите продолжуваат.
ГРАН ПРИ за ученикот Андреј Златески за најдобар рецитатор, , Пофалница за ученикот Стефан Стојчески за неговата лична творба, „ Јас, дете“ под менторство на наставничката Весна Арсиќ .
Наставничката Весна Арсиќ доби награда за најдобар ментор и промотор на училиштето.Браво Коневци! Се гордееме со Вас!