По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, учениците од трето 3 одделение поттикнати од нивната наставничка Ангелка Баракоска и образовниот асистент Јулијана Митрикеска активно се вклучија во создавање на пораки кои поттикнуваат емпатија, еднаквост и инклузија. Со голема љубопитност и креативност, тие изработија постер и брошура со слогани и илустрации кои ја пренесуваат нивната порака:
„Да почитуваме, да разбираме, да бидеме пријатели!“
Брошурата ќе биде поставена на повеќе локации во училиштето – холови, училници и информативни табли – со цел да се подигне свеста кај учениците, наставниците и родителите. Овие активности не само што ги поттикнуваат учениците да размислуваат за важноста на прифаќањето, туку и ги охрабруваат да бидат гласници на позитивни промени во својата заедница.
За нас, различноста не е пречка – таа е вредност која нè збогатува.
Галерија.



