Денес учениците од активот на 3. одделение се запознаа со правилата во сообраќајот благодарение на предавањето од полициски службеник и вработените од Технички преглед АМД Прилепец. 

Преку интересна презентација учениците научија како правилно и безбедно да се однесуваат како пешаци и учесници во сообраќајот.
Предавањето заврши со мала заклетва, во која учениците ветија дека ќе бидат совесни и правилни учесници во сообраќајот. 

За нивната посветеност и внимание, учениците беа израдувани со дипломи и
подароци од Технички преглед АМД Прилепец и Витаминка. 

Галерија.



