„Зборот е играчка, но и моќно оружје“ – Нашите ученици во чест на поезијата! ✨
Има ли поубав начин да се прослави Светскиот ден на поезијата од тоа да се пишува за својот роден град? Учениците од 5-3 одд, под раководство на наставник Габриела Стевананџија, од ООУ „Блаже Конески“ со многу внимание и љубов ги подготвија своите творби за Прилеп.
Денес, во библиотеката, нивните гласови одекнуваа со гордост додека ги читаа своите стихови. Најголемата награда е нашата нова заедничка книга со поезија, која ќе остане како траен спомен во училишната библиотека за генерациите што доаѓаат.
Честитки за сите ученици и нивната посветеност! Продолуваме да создаваме убавина преку зборови. 📝🎨
Галерија.



