Во училиштето се реализира работилница на тема: Конфликти и се изработи Дрво на проблеми и решенија. Во работилницата учествуваа учениците од 6-3 одд., нивниот раководител на паралелка, Виолета Христоска и наставничката по Граѓанско образование, Лидија Котеска која ја организираше и водеше работилницата.
Целта на оваа работилница е учениците да разберат што е конфликт, да препознаваат различни видови конфликтни ситуации и да научат начини за мирно разрешување на конфликти и да сфатат дека во решениот конфликт двете страни се победници.
Во работилницата учениците беа активни учесници и глумеа различни ситуации кои преминале во конфликт и истите како се решаваат по мирен пат. Самите осознаа дека секоја конфликтна ситуација може да се реши по мирен пат.
Галерија.



