НАШИТЕ ГРАДОВИ, НАШИТЕ БРОЕВИ И НАШИТЕ ПРИКАЗНИ - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

НАШИТЕ ГРАДОВИ, НАШИТЕ БРОЕВИ И НАШИТЕ ПРИКАЗНИ

Валентина Кочоска – ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп

Имам чест да објавам дека нашиот меѓународен проект „МАПА НА КУЛТУРИ: НАШИТЕ ГРАДОВИ, НАШИТЕ БРОЕВИ И НАШИТЕ ПРИКАЗНИ“ ги исполни највисоките критериуми поставени од Европската комисија (ESEP). Тоа значи дека мојата работа и работата на моите ученици, како и соработката со партнерите од 7 други земји, ги задоволија критериумите за доделување „Ознака за квалитет“ (Quality Label) и добија висока оценка, поради што ни беше доделена ЕВРОПСКАТА ОЗНАКА ЗА КВАЛИТЕТ!
Честитки до сите мои ученици,кои работеа неуморно 8 месеци во текот на минатата година , но оценувањето беше во оваа учебна година, во месец септември за Национална ознака, а во ноември, за Европска ознака за квалитет! Тие покажаа голем ентузијазам, беа вредни, посветени и имаа силна желба да го добијат највисокото признание за својот труд – и навистина успеаја во тоа!
Сите пофалби за учениците од седмите одделенија:
Илина Наумоска, Симона Николоска, Сара Жежоска, Јелена Стојановска,Матеја Ковилоска, Бисера Наумоска, Ева Дичоска, Теа Челебитова,Даријан Дукоски, Лина Василоска, Вероника Јаковлеска, Матеј Трајкоски, Димитар Пирганоски, Андреј Андоноски, Андреј Рочески,Илин Митриќески и Лорин Кочоски( 9то одд.)

Comments are closed.