Денес во подрачното училиште во Варош, имавме прекрасна можност да се запознаеме со актерката Марија Спиркоска. Средбата беше исполнета со многу смеа, креативност и интересни игри преку кои учениците имаа шанса да се доближат до светот на театарот.
Актерката на еден забавен и интерактивен начин им покажа како се создаваат улоги, како се изразуваат емоции и колку е важна тимската работа. Учениците со голем интерес учествуваа во активностите и уживаа во секој момент.
Овој настан ќе остане како едно убаво и поучно искуство, кое дополнително ја поттикна љубовта кон уметноста и сцената. 
Галерија.



