Да им го честитаме празникот 8-ми Март на сите мајки затоа што:
Велат дека вистинската љубов не постои на ниту едно друго место освен во срцето на мајката. Таа е првата личност од која учиш за безусловната љубов и грижа. Таа е како ѕвезден простор, секогаш ти го осветлува патот по кој одиме. Таа дава живот. Во неа се собрани многу ликови, во исто време таа е сопруга, домаќинка, партнер, родител, лекар, судија, адвокат, професор, политичар, возач на автобус, работник во фабрика, алпинист, спортист. Истовремено е и нежен цвет и камен цврст.
Затоа што Христо вели:
Мајката е секогаш за тебе тука,
а срце од радост во гради чука.
Затоа што Леона вели:
Во душата вечно како свеќа ќе гори,
зборот нејзин, поток жуборлив.
Затоа што Михаела вели:
Мајчиниот збор е икона света
која блеска на ѕидот
како посвета.
Затоа што Ена вели:
Мајка ми е
сонце што ме грее
и најубави песни
таа ми пее.
Затоа што Хана вели:
Лице, сонце што блика,
ти си моја, најубава слика!
Те сакам најмногу на свет,
со тебе сум, како птица во лет!
ЧЕСТИТ 8 МИ МАРТ