Активности - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Активности

Учениците од 5-3 под менторство на наставничката Евгенија Димеска, преку приредба збогатена со рецитали, честитки и букети ги стоплија срцата на нивните мајки, баби.. со цел да го одбележат денот кога на жената и се подарува посебна љубов. Честит 8-ми Март!
Read more
По повод денот на жената 8-ми Март учениците од подрачното училиште во Варош заедно со наставничката Елена Стојаноски го одбележаа со низа активности под мотото КАДЕ ШТО ИМА ЖЕНА ИМА И МАГИЈА. Учениците преку презентација се запознаа како жените се бореле и сеуште се борат храбро за своите права за рамноправност и еднаквост. Нека е честит 8-ми Март!
Read more
Во чест на сите жени, мајки, баби…борци што секојдневно инспирираат! Учениците од III- 3 одделение под менторство на наставничката Весна Арсиќ со љубов и внимание, организираа работилница во чест на 8 Март. Изработија прекрасни цветови за своите мајки , но и дел подарија на жените кои случајно минуваа во близина на училиштето ! РАДОСТА Е ВО СПОДЕЛУВАЊЕТО! СРЕЌЕН ПРАЗНИК! Мали 
Read more
Во Ликовниот салон денеска беше отворена изложбата на маски во рамките на Карневалот Прочка 2025. Изложени се над 500 креативни, уникатни маски, кои ги создадоа вредните ученици од прилепските основни и средни училишта. Нашиот ученик Матеј Тодоров и оваа година е добитник на прва награда, овој пат во категоријата “најиновативна маска”.
Read more
Денес е Светскиот ден на лицата со ретки болести, и вo нашето училиште по тој повод беше одбележан денешниот ден. Учениците од детскиот парламент заедно со Стручната служба одржаа работилница под наслов “Сите сме дел од Светот”. Нека оваа наша порака биде симбол на солидарност и поддршка кон сите оние кои се борат со овие болести. Заедно можеме да направиме 
Read more
Ретко е да си редок! Уникатност е да си редок! Ние сме со вас, заедно чекориме кон подобра иднина за сите! Предизвик е да си редок како што е предизвик и да си човек. Не можеме сите да сме ретки, но можеме да сме луѓе кои создаваат уникатна планета еднаква си сите! Ви испраќаме многу љубов и желби за подобро 
Read more
На 27.02.2025 год. во кабинетот по Информатика наставничката Наташа Р. Проданоска заедно со стручните соработници и учениците од Ученичкиот парламент спроведе презентација ,,Како да бидеме безбедни онлајн”. Целта на оваа активност беше да се подигне свеста за безбефно и одговорно користење на интернетот и социјалните мрежи,да се поттикнат учениците дигиталните платформи да ги користат да учење и да размислуваат како 
Read more
И учениците од подрачното училиште во Варош заедно со наставничката Елена Стојаноски се вклучија во одбележувањето на денот на лицата со ретки болести под мотото РЕТКИТЕ СЕ МНОГУ, РЕТКИТЕ СЕ СИЛНИ, РЕТКИТЕ СЕ ГОРДИ. Целта беше подигање на свеста на учениците за ретки болести и запознавање со истите. Види галерија.
Read more
Проект: Програма за планирање на активности за професионална ориентација и кариерно советување! Област: Реални средби Ниво: Разбирање на специјалната вредност на работата и важноста на работата во животот на поединецот! Поттикнување на искуствено доживување Активност: Во рамките на проект: Програма за планирање на активности за професионална ориентација и кариерно советување, учениците од третите одделенија со своите наставници, извршија п! Запознавање 
Read more
НАЈУБАВО И НАЈДОБРО СЕ ПЕЕ НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК! УЧЕНИЦИТЕ ОД III-3 ОДД ПОД МЕНТОРСТВО НА НАСТАВНИЧКАТА ВЕСНА АРСИЌ БЛЕСНАА ВО НАЈУБАВИТЕ СТИХОВИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, КИРИЛИЦА! „Без јазикот ќе си недостигаме самите на себе, оти само јазикот никогаш не нè оставил сами и тој памети многу повеќе отколку што ние можеме да заборавиме“. ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ ДА ЖИВЕЕ МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК! 
Read more