Декември е. Празници се ближат, па неизоставен е белобрадиот Свети Никола, симбол на добрината и дарувањето. Малечките допрва треба да го запознаваат заради неговата дарежливост и желба да помага.
Во соработка со протојереј Љупче Петрески и храмот „Света Петка“ и со нивната безрезервна поддршка, наставниците Виолета Христоска, Маја Кузманоски, Лидија Котеска, Наташа Ристеска Проданоска и Вера Искова под раководство на директорката Мартина Пројческа, изработија илустрирана приказна за светецот, а нејзиното промовирање беше поддржано и со пригодна програма на нашите ученици. Настанот се случи на 14 Декември во црквата „Света Петка“, како предвестие на самиот празник за овој светец, кој истовремено е и заштитник на градот.
За учениците на ООУ „Блаже Конески“, празникот Св. Никола има посебно значење затоа што на овој ден е роден Блаже Конески, патронот на нашето училиште.