На ден 18.10.2019 година во нашето училиште се одржа Детска Вело работилница со учениците од второ одделение заедно со Граѓанската иницијатива – Прилеп на Точак која се состоеше од неколку сегменти:
- Запознавање
- Сообраќајни знаци
- Правила и знаци во движење
- Возење по категории, велосипеди, велосипед со помошни тркала, ролери, тротинети
- Домашна задача – Цртање сообраќајни знаци
Целта на работилницата беше запознавање со основните сообраќајни знаци поврзани со велосипедизмот ,како и подигање на свеста кај учениците за придобивките од возењето на велосипед за подобрување на здравјето , но и за одржување на чистата околина.Активноста беше успешно реализирана , учениците беа среќни и задоволни , а на најдобриот ученик во возење велосипед му беше доделен беџ.