Допис од МОН - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Допис од МОН

Почитувани директорки/директори,
Согласно Упатството за наставниците за начинот на оценување на учениците во периодот на реализација на наставата преку далечинско учење,односно учење од дома, изготвено од страна на Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука и одобрено од министерот за образование и наука, сите формативни оценки и  согледувања на наставникот во текот на реализација на онлајн наставата ќе се користат за формирање на сумативна оценка за третото тромесечие на секој ученик во паралелката.
Оценките наставникот ги внесува во соодветниот Евидентен лист, но секако откако тие оценки ќе бидат потврдени од страна на советот на одделенските наставници, односно советот на предметните наставници и наставничкиот совет.
Советот на одделенските наставници, односно советот на предметните наставници и наставничкиот совет ќе се реализираат со примена на средства за електронска комуникација, без заедничко физичко присуство на учесниците и со взаемна двонасочна комуникација (како што се на пример видео конференциски платформи). Бидејќи бројот на учесници при реализација на наставничкиот совет со видео конференциски платформи во големите училишта е голем, се препорачува на наставничкиот совет да присуствуваат по двајца наставници кои ќе бидат предложени од стручни активи на наставниците и двајца стручни соработници.
Советот на одделенските наставници, односно советот на предметните наставници и наставничкиот совет, задолжително да бидат снимени и зачувани од страна на директорот.
Датумот и распоредот на реализирање на советите на одделенските наставници, односно советите на предметните наставници ќе го одреди директорот на училиштето.
Наставничкиот совет треба да е реализиран најдоцна до 14.04.2020 година.
Потврдените оценки на учениците за трето тромесечие од страна на советите на одделенски наставници, односно советите на предметните наставници и наставничкиот совет треба да се внесени во соодветниот Евидентен лист и во е-дневник, најдоцна до 17.04.2020 година.
Воедно Ве известуваме дека задолжително треба да се пополнат и наставните содржини во е-дневникот, согласно наставниот план и наставните програми.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *