Еколошка акција - Пролетта дојде во нашето училиште - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Еколошка акција – Пролетта дојде во нашето училиште

Под мотото – Пролетта дојде во нашево училиште, денес се спроведе еколошка акција за оплеменување на дел од просторот во училишниот двор со цвеќиња. Во акцијата учествуваа учениците од 3-3, 4-3 и 6-3 одд со нивните наставнички: Ангелка Баракоска, Весна Арсиќ и Виолета Христоска. Претходниот ден пак ученици од деветтите и осмите одделенија со наставникот Борче Спиркоски ја подготовија почвата на која денес беа засадени цвеќињата.
Координатор на активностите е родителката Стефанија Пирганоска, која ги спои паралелките, учениците, наставниците и родителите каде учат нејзините деца.Акцијата финансиски беше поддржана од родителите чии деца учат во овие паралелки.Дел од нив учествуваа и во садењето на цвеќињата во истата активност ни се придружи и библиотекарката Вера Искова. .
Благодарност до ЈП „Комуналец“ за помошта со која успеавме да ја подготвиме површината за садење.
Насмевките на детските лица, вредните рачиња, задоволството од завршената работа нека биде поттик до сите нас да ја чуваме, разубавуваме и да се грижиме за нашата околина.
Со извикот ДОБРЕДОЈДЕ ПРОЛЕТ! Да зачекориме во новото годишно време со надеж, верба и одговорност за поубава животна средина.

Галерија.

Comments are closed.