Во чест на Св. Климент Охридски - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Во чест на Св. Климент Охридски

Свети Климент Охридски (830/840 – 916) е најдаровитиот ученик на рамноапостолните сесловенски браќа, првоучителите Кирил и Методиј.

Се смета за закрилник и патрон на македонскиот народ и на Македонската православна црква.

Свети Климент учествувал во мисијата на Светите браќа во Панонија и Моравија, за словенска богослужба и словенско православие. По смртта на своите свети учители, заедно со другите ученици (Горазд, Наум, Сава и Ангелариј – заедно наречени Петочисленици) се вратил во охридскиот крај, каде развил богата црковна, просветителска и книжевна дејност.

Ја основал Охридската школа, попозната како прв словенски универзитет. Во текот на триесет години, низ оваа образовна установа поминале околу 3.500 ученици, кои биле оспособени за богослужба.

Бил хиротонисан за прв епископ словенски. Се упокоил мирно во Охрид, на 8 август 916 година. Неговите мошти се чуваат во охридската црква „Свети Климент“ – „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид.

„Во почетокот беше Зборот, и Зборот беше во Бога, и Бог беше Зборот“

(први стихови од „Изборното евангелие“)

ЗБОРОТ – РЕЧТА има моќ космичка во себе, та и Бог ја употреби и од НИШТОТО  стана СВЕТ, и стана ЧОВЕК…

А човекот  да СПОДЕЛИ сака, сака да КАЖЕ, та ЗАПАМЕТЕН да биде  и ЗАВЕТ да остави  ЗА ОДНАПРЕД.

За поколенија млади ИСКУСТВО бесценето …

И  цртежи и знаци реди човекот безимен по ѕидови пештерски: реже, длаби, бои, и знаците значење добија и … стана ПИСМО!

Но не едно, туку МНОГУ писма создадени беа …

Писма различни, на различни страни од светот создадени, од дамнина …

И писмото Свети Кирилово и Свети Методиево. Слово срицано под мижуркава светлина, во црквите и манастирите,  и каде ли уште не …

А Климент – ученик на светители достоен, пак писмо скрои и слава доби и име му даде по учителите свои,  и по народот го расеа како што се сее житото. . .

А тоа никна, оти плодна почва имаше . . .

Од тоа  семе лебно, чудотворно и ден денес храна народот добива, како нафора света, како завет без кој не се може …

И на почетокот од 21-от век ние гордо заветот го исполнуваме, на ЈАЗИКОТ низ словото преточен, чествување му правиме и дејци ововековни покануваме за негово величање. . .

Оти ЈАЗИКОТ Е НАША ТАТКОВИНА!

Вера Искова, библиотекар

Comments are closed.