Дознај ги желбите на ѕвездичката која најсилно сјае! - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Дознај ги желбите на ѕвездичката која најсилно сјае!

Тик-так, тик-так! Стариот часовник ги одбројува последните мигови од  старата година. Уморна ги влече со себе тешките куфери. Куфери разни, големи и мали со сите грижи, со сите успеси и неуспеси, со сите радости и таги.

Тик-так! Тик-так! Стариот часовник ѝ одбројува на Новата Година. Убава, стројна мома, самовила добра. Еве ја деца на прагот чека, радост да ви донесе, среќа да ви посака, со љубов да ве облее.

А по неа ете, Дедо Мраз со санките снежни наполнил торби за дечиња нежни. Колети со чоколади, бомбони, играчки разни и грст добри желби за секое дете. Да сте ни  здрави, полни со љубов и среќа да ве прати. Во годината што иде училиштето повесело да ни биде. Да ечат училници со ѕвонлива песна, да запее школското ѕвонче од радост за детската смеа.

Тик-так! Тик-так! Стариот часовник за секое дете нежна песна пее.

Точно на полноќ погледни кон небото. Една ѕвезда ќе сјае посилно од останатите. Во неа ги сместивме нашите најубави желби за тебе. Нека блеска за тебе, наше драго дете, во година што иде.

Среќна Нова Година

 

 

 

Коментарите се затворени.