Новости - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Новости

Денес учениците од 8-1 и 8-3 со наставничката Емилија Ристеска беа во посета на ресторан. Учеа бон-тон (однесување во ресторан), се запознаа со основниот прибор за јадење и послужување. Ја поставувавме масата за формални и неформални прилики. Голема благодарност до ресторан ,,ГЛАМУР” за ова што го научивме денес.
Read more
„Од деца за деца“ ​По повод Детската недела во месец октомври, ние учениците со помош на нашите наставници ќе организираме низа на активности: – приредба со музички настапи, при приемот на првачињата во Детската организација; – работилница за хаику поезија под раководство на родител, хаику творец; –  спортски игри; –  креативни работилници; – дебата; – ликовни работилници; – работилница за негување 
Read more
Со почетокот на новата учебна година, продолжија да се нижат и успеси на нашите ученици. Нашата ученичка од трето три одделение, Ања Ѓорѓиоска под менторство на наставничката Весна Арсиќ освои ПРВА НАГРАДА на 49- та Државна изложба на детски ликовни творби на тема: „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“ Честитки од срце! Да се множат наградите!
Read more
Новата учебна година ја започнавме спремно, се огласи првото училишното ѕвонче, но„падна“ и првата награда. Имено нашата ученичка од деветто три одделение, Мелани Ѓоргеска, под менторство на наставничката по македонски јазик, Виолета Христоска, доби награда за своите стихови по повод конкурсот објавен од КЕЦ „Небрегово“. Доделувањето на наградите и промовирањето на книгата „Конески е бесмртен“ се одвиваше амбиентално, во спомен 
Read more
ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп им посака добредојде на учениците во новата учебна година со неколку значајни реновирања и други активности спроведени во текот на летото со цел да се подобри средината за учење и престојот на учениците во училиштето. Прво предниот дел на училишниот двор е доуреден, со што е добиен нов лик на влезот во училишниот двор.Дополнително, со 
Read more
Драги првачиња, ООУ,, Блаже Конески ” ви посакува топло добредојде во новата учебна година. Пред вас е нова страница од животот, влегувате во светот на магичните букви и бројки,во светот на нови знаења и пријателства. Секој почеток е нов предизвик, нова приказна во која влегуваме сите заедно. Ви посакуваме успешна учебна година!
Read more
Музеј-Прилеп го реализира проектот „Училиштата во музеите или музејот во училиштата“, кој е финансиран од министерстото за култура. Овој проект има задача, да ги запознае најмладите со традицијата. Преку драмски перформанси учениците се сретнаа со многу архаични изрази, обичаи кои се веќе во замирање и од стручните лица во музејот научија многу за тоа како нивните предци живееле, разговарале, работеле 
Read more
Нашиот проект има за цел да ги постигне целите на часовите за животни вештини преку креативната драма, осигурувајќи активно учење. Задолжителноста на часовите за животни вештини, кои природно вклучуваат многу примери од реалниот живот и секојдневните искуства, интегрирањето на креативната драма во часот ќе го направи наставниот процес забавен и запаметлив. Применувањето на методот на креативна драма во часот нема 
Read more
Уште еден месец, уште една активност Еразмус+ финансирана од Македонската Национална агенција за европски образовни програми и мобилност преку програмата Еразмус+. Овој пат ја спроведовме нашата обука на тема неформално образование под името РАЗВИВАЊЕ ПРИСТАПИ НА НЕФОРМАЛНО УЧЕЊЕ КАЈ МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ, што е трета и последна активност од нашиот втор акредитиран проект. Тимови од Македонија, Латвија, Франција, Португалија, Турција и Ерменија 
Read more