На иницијатива на Здружението на наставници по германски јазик и книжевност на Република Македонија, денес во основно училиште Кочо Рацин, голем дел од основните и средните училишта од Прилеп го одбележавме 26 Септември – Денот на Европските јазици 
. Прославувајќи ја различната шареноликост низ песни
, креативни игри
и пораки за мир
, уште еднаш покажавме дека јазикот е многу повеќе од граматика и вокабулар. Јазикот е клуч
кон нови хоризонти, пријателства и соработка
– наш прозорец кон светот
. Денес, повеќе од кога било, важно е да ја истакнеме улогата на јазикот како средство за разбирање и мир
. Тоа е и главната порака со која ЕУ го одбележува овој ден. Затоа и ние со нашите деца од Блаже Конески ,зедовме учество и денес го прославивме јазикот како клуч за толеранција, мирно и хармонично заедничко живеење . „Јазикот коски нема – ама коски крши!“
– затоа умно да ги одбираме зборовите и да не забораваме дека „добриот збор, железни порти отовра!“ 
. Погледнете дел од атмосферата која ја доживеавме на сопствена кожа и уживајте 
! Europe House Skopje Mazedonischer Deutschlehrerverband Goethe-Institut Skopje.













