Присуство на настан на тема Булинг - врсничко насилство - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Присуство на настан на тема Булинг – врсничко насилство

Во рамки на проектот „Младите и европските вредности“ на 30 септември 2020 година беше одржана локална дискусија на тема „Булинг“ во барот „Кога-каде“ во Прилеп.

Настанот во организација на Младинскиот совет на Прилеп претставува можност за размена на мислења на наставниците од нашето училиште и поканети млади учесници од општина Прилеп.

Целта на организирање на вакви настани е да се отвори поширока дебата за актуелните трендови кај младите во поглед на примената на европските вредности, наспроти влијанието и улогата на различните институции и граѓански организации врз градењето на тие вредности согласно со европските стандарди и практики.

 

НЕШТО ПОВЕЌЕ НА ТЕМА БУЛИНГ – ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО

МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ КАЈ ДЕЦАТА Е МНОГУ КРЕВКО И ПОДЛОЖНО НА СЕКАКОВ ВИД СИЛА, ЗАКАНА, ЗЛОУПОТРЕБА, ЗАПЛАШУВАЊЕ ИЛИ АГРЕСИВНО ДОМИНИРАЊЕ. ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО ГИ ПРЕТСТАВУВА СИТЕ ОВИЕ ОДНЕСУВАЊА

Што е насилно однесување?

Насилното однесување е несакано, агресивно однесување кое сè почесто се манифестира и кај децата на училишна возраст. Во основа, претставува физичка или вербална агресија која се повторува или има потенцијал да се повтори со текот на времето. И двете страни, децата кои се малтретирани и оние кои малтретираат други, може да имаат сериозни, трајни проблеми.

Се појавува во различни облици:

– Вербално  насилство, секој вид исмевање, повикување со погрдни имиња, навредување, заканување.
– Психичко насилство, подразбира заканување со поглед, гримаси, несакани коментари, изнудување да се даваат пари, уценување.
– Физичко насилство, подразбира удирање, туркање или земање и уништување на личните предмети.
– Социјално насилство, лажење, ширење гласини, лоши шеги, исмејување во јавност.
– Сајбер-насилство, преку користење на интернет технологија се праќаат заканувачки пораки, слики или коментари.

Кој сè може да биде жртва?

Секој може да се најде во ситуација на насилство! Сепак, за некои деца има поголема веројатност да се најдат во таква ситуација. Најчесто на училиште, тоа се деца кои по нешто се разликуваат од другите. На пример, може да се деца кои се многу високи или ниски, носат очила, слаби или крупни, од друга националност, се облекуваат скромно или невообичаено, имаат лоши оценки или се супер одлични ученици, се однесуваат на начин кој го привлекува вниманието, сиромашни или болни.

Колку често се појавува?

Некои статистички податоци за малтретирањето сугерираат дека 28% од учениците од 6 до 12 години имаат историја да бидат жртви на насилство, додека 30% од средношколците признаваат дека ги малтретирале другите ученици. Околу 10-14% од децата биле жртви на малтретирање повеќе од шест месеци. Повеќето жртви на сајбер-насилство, исто така, се жртви на насилство во училиштата. Студиите покажуваат дека наставниците честопати потценуваат колку малтретирање се случува во нивното училиште, бидејќи тие гледаат само околу 4% од инцидентите на малтретирање што се случуваат. Во светот, речиси 130 милиони или нешто повеќе од една третина ученици на возраст од 13 до 15 години биле жртви на врсничко насилство.

Има ли разлика помеѓу девојчињата и момчињата?

Податоците покажуваат дека нема значајни разлики во бројот на девојчиња и момчиња кои доживуваат насилство, но дека е поголем бројот на момчињата. Во вербалното, економското и емоционалното насилство нема полови разлики. Кога станува збор за физичкото насилство, момчињата се тие кај кои е поголем процентот на појава, додека девојчињата се побројни кај вербалното насилство.

Кои се причините за насилство?

Кои се причините и зошто е прашањето што сите жртви на врсничко насилство сакаат да им го постават на насилниците. Поради што ги одбрале токму нив? Дали ги изнервирале со нешто? Дали ги навредиле? Каде згрешиле? Најчесто, нема одговор на овие прашања, бидејќи и самите насилници не знаат зошто малтретираат одредени соученици. Она што најчесто се појавува како причина може да биде:
– Љубомора,
– Потреба од внимание,
– Лутина,
– Желба за контрола или моќ над другите.

Кои се знаци на претрпено насилство?
– Депресија, осаменост или анксиозност,
– Ниска самодоверба,
– Главоболки, стомачни болки, замор или губење апетит,
– Намален успех на училиште,
– Бегство од дома или нанесување штета на себе,
– Необјаснети повреди,
– Изгубена или уништена облека, книги, електроника или накит,
– Тешкотии со спиење или чести кошмари,
– Ненадејна загуба на пријатели или избегнување на социјални ситуации.

Како насилството влијае врз здравјето и благосостојбата на детето?

Насилството може да влијае на физичкото и емоционалното здравје, како краткорочно, така и подоцна во животот. Тоа може да доведе до физичка повреда, социјални проблеми, емоционални проблеми. Оние што биле изложени на врсничко насилство имаат зголемен ризик за проблеми со менталното здравје, главоболки и проблеми при прилагодување на училиште. Исто така, може да предизвика долготрајна штета на самодовербата.  Децата стануваат срамежливи и плашливи, не одат на училиште, учат помалку, тажни се, не се расположени за дружење, а понекогаш и тие стануваат насилни. Ако оваа ситуација трае подолго, и ако на детето не му се помогне, ова може вечно да се одбележи на личноста на детето кое претрпело насилство. Може да станат срамежливи и несреќни кога ќе бидат возрасни или може само да почнат да се однесуваат насилно.

Како да препознаете дека можеби токму вашето дете е жртва на врсничко насилство?

Познато е дека децата тешко разговараат за оваа тема. Сепак, постојат различни знаци за предупредување кои може да ви помогнат да ги препознаете или да се посомневате дека вашето дете можеби е малтретирано, а, главно, се однесуваат на стравот поврзан со училиштето. Доколку насилството се случува на патот од дома до училиште, детето ќе го избегнува патот, ќе ја менува вообичаената рута, ќе побара родителите да го носат во училиште и сл. Понекогаш доаѓаат дома со оштетена облека или книги, имаат необјасниви модринки или исеченици. Многу често тие деца даваат знаци дека се чувствуваат осамено, депресивни се, тажни, исплашени, несигурни и со ниска самодоверба. Доколку се работи за сајбер-насилство, се воочува намалено користење на компјутерот или на мобилниот телефон. На децата, главно, не им е лесно да се доверат на возрасните за тоа што го доживеале. Тоа што родителите можат да го направат е да разговараат со детето за тоа како да постапи ако се најде во ситуација кога ќе биде изложено на насилство, да му се даде до знаење дека во тие ситуации може да смета на помош и на поддршка од своите родители.

ВАЖНО Е ДА СЕ ЗЕМЕ ПРЕДВИД ДЕКА И ДЕЦАТА КОИ ВРШАТ НАСИЛСТВО СЕ РИЗИЧНА ГРУПА НА КОЈА Ѝ ТРЕБА ПОМОШ.
ЧЕСТО СЕ СЛУЧУВА И ДЕЦАТА КОИ ПРЕТРПЕЛЕ НАСИЛСТВО, ПО НЕКОЕ ВРЕМЕ ДА ПОЧНАТ И ТИЕ ДА ВРШАТ НАСИЛСТВО.

ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ

Здраво и безбедно опкружување

Искоренувањето на врсничкото насилство од училиштата е долг процес кој бара голема посветеност од страна на наставниците, психолозите и родителите. Многу е важно да се подигне свеста за сериозноста и честотата на оваа појава. Неоспорен е фактот дека насилството е присутно во училиштата, само треба да бидеме објективни и да го признаеме овој факт. Понатамошен чекор би било наставниците да научат како да ги препознаваат формите на насилство, особено кога се работи за емоционално и физичко малтретирање. Понекогаш, знаците не се толку очигледни, но секој наставник може да забележи дали некој од учениците се повлекува во себе, не сака да се дружи и не се чувствува безбедно во училишната средина. Доколку се потврди дека постои врсничко насилство во училницата, не треба веднаш да се прибегне кон казнување на насилниците. Многу поважно е да се разговара со двете за да се откријат вистинските причини кои довеле до насилно однесување, односно, до малтретирање.

Здружување на родителите во борба против врсничкото насилство

За да се спречи агресивното однесување на учениците, особено е важна континуираната и здрава соработка помеѓу родителите и училиштата. Ова треба да оди во насока на заемно информирање за сите нетипични однесувања кои ќе се детектираат кај детето, без разлика дали станува збор за врсничко насилство или за некој друг проблем. Градењето на здрави личности започнува од дома, а продолжува на училиште. Затоа, функционалноста на овие два фактора е и поединечно и во спрега, и е од големо значење за превенција и анулирање на појави на врсничкото насилство.

Работилници и програми за градење емоционална стабилност на учениците

Работилници на тема инклузија, толеранција и почитување треба да бидат организирани од страна на образовниот систем и училиштата бидејќи тие придонесуваат за создавање пријатна клима во која насилничкото однесување остро се осудува, а, од друга страна, кај учениците се гради разбирање за потребата да се почитува секој поединец и неговите разлики. На тој начин, материјалот кој се однесува на превенција од врсничко насилство би бил вграден во планот и програмата во школските активности.

 

Comments are closed.