Работилница на тема: ,,Подобрување на меѓучовечките односи преку заедничко решавање на проблеми’’ - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Работилница на тема: ,,Подобрување на меѓучовечките односи преку заедничко решавање на проблеми’’

На учениците од седмите одделенија во ООУ ,,Блаже Конески’’ Прилеп беше реализирана интерактивна работилница на тeма: ,,Подобрување на меѓучовечките односи преку заедничко решавање на проблеми’’ од страна на специјалниот едукатор и рехабилитатор Антонио Коцески во соработка со класните раководители Валентина Кочоска, Евгенија Ангелеска, Виолета Христоска, Наташа Чубрикоска и Анета Николоска. Поради подобра интеракција со помала група, седмооделенците беа поделени во две групи и истата се работеше два дена.

Цели на работилницата се

  1. Идентификување и формирање на постоечки анонимни проблеми;
  2. Анализа на идентификуваниот проблем преку користење на техниката ,,Дрво на проблеми и решенија’’
  3. Решавање на идентификуваниот проблем.

Учениците преку техниката бура на идеи ги дефинираа постоечките проблеми кој што постојат во рамките на паралелките, а потоа ги анализираат причините и последиците на идентификуваниот централен проблем и заеднички одлучуваат кои решенија ќе бидат вклучени за решавање на тој проблем.

Коментарите се затворени.