По повод 27-годишнината од упокојувањето на истакнатиот македонски деец Блаже Конески - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

По повод 27-годишнината од упокојувањето на истакнатиот македонски деец Блаже Конески

Денес, во севкупниот наш културен континуитет, можеме и треба да зборуваме не само за школата на Климент Охридски, туку и за школата на Блаже Конески.

(БЛАЖЕ КОНЕСКИ 19-XII-1921г. 7 -XII-1993г.)

Сè за што се зафати Блаже Конески и сè до што тој се допре, во сè се нурна најдлабоко. Тоа го направи во науката, тоа на уште повеличенствен начин го направи во поезијата. Неговото научно-лингвистичко, литературно-историско и поетско дело претставуваат во нашата културна историја еден од оние исклучителни културни духовни подвизи кој на македонската слобода по Револуцијата од 1941 година ù беше и ù остана најтемелниот и најтрајниот духовен постамент, зошто ја овенча со своите фундаментални лингвистички откритија, со своите длабоки толкувања на нашето милениумско културно и општодуховно траење, со трансисториската смисла и сила на  својот поетски опит, во кој се откривме, се сфативме и се пронајдовме самите себе си.

На македонското културно градилиште веднаш по војната,  Блаже Конески беше еден од големите градители, еден од мудрите и сестраните истражувачи на сопствените праизвори. Ѕидаше и градеше без престан и немаше време своите темелни научни синтези да ги востановува од некоја дистанца, настрана од капиталните мèни на времето во кое живееше.

Еве како беше доживеан од своите современици:

„Кај големиот човек (мисли на Блаже Конески) немаше ништо случајно, сè беше испланирано …, па дури испланира да умре осамен … “

Атанас Вангелов

„Блаже Конески е личност што се нурна најдлабоко во македонското минато и се извиши највисоко во македонската иднина.“ „Првиот човек на Македонската ренесанса“

Света Лукиќ

„Енциклопедија на македонската филологија“

А. Цвиин

„ Споменик што оди по улиците“

Слободан Мицковиќ

„Мудрец на Македонското писмо“

грчка научна и литературна критика

„Беше шармер во друштво, во опуштена атмосфера. Тогаш доаѓаше до израз неговата широка образованост, духовитост, проникливост. Освојуваше особено со луцидноста на досетките.“

Но Блаже Конески има и свои опоненти кои се обидуваат да ја омаловажат неговата активност и квалитет, за нив тој низ стихови ќе рече:

На пријателите

Со вас се крепев.
Тука сме.При крајот.
Па сега ли да ве потурнам,
на работ,
заради маните,
заради грешките,
за сè што излегло неубаво?
Не!
Јас ви проштевам
секоја слабост
и притворност,
дури пресметливост,
дури изневера,-
за да си простам и самиот себе
за една мера на човечка љубов.

Вера Искова, библиотекар

Comments are closed.