Адреса: Самоилова бр. 15, 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

oublazekoneski@gmail.com

Самоилова бр. 15

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

oublazekoneski@gmail.com

Самоилова бр. 15

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Следете ги препораките на Министеството за образование и наука, учете преку интернет и придржувајте се кон препораките на Комисијата за здравство.

Известување

Согласно препораките на МОН нашето училиште на крајот од третото тримесечие преку видео конференциска врска ги одржа редовните состаноци и тоа:

  • На 13.04.2020 година преку два видео состаноци беа одржани Одделенските совети со класните раководители од одделенска и предметна настава каде поединечно се произнесоа за нивните паралелки.
  • На 14.04.2020 година се одржа Наставничкиот совет на кој беше потврден успехот на учениците за третото тримесечие.

Воедно ве известуваме дека евидентните листови за успехот на учениците најдоцна до 17.04.2020 године ќе бидат доставени на електронските пошти од родителите.

И покрај ваквата состојба која е нова и тешка за сите, нашето училиште успеа да одговори на предизвиците, да функционира и редовно да ги извршува поставените задачи. Се надеваме на вашата понатамошна соработка и заедно со здружени сили успешно да ја завршиме оваа учебна година.

Од името на нашиот колектив Ви посакуваме добро здравје, чувајте се, чувајте ги вашите најмили и #Oстанетедома.

Коментарите се затворени.