Филмот „ЈАНЅА“ со нашиот Михаил во улога на Конески како дете, на 13 декември во Марко Цепенков - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Филмот „ЈАНЅА“ со нашиот Михаил во улога на Конески како дете, на 13 декември во Марко Цепенков

13.12.2023, 19:30ч, Дом на култура Марко Цепенков-Прилеп. Настан што не смее да се пропушти! Филмот „Јанѕа“ е подготвуван и сниман во период од три години и го следи животот и делото на професорот, академик, поет и еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик, Блаже Конески. Огромното значење на делото на Конески за македонската култура и наука и воопшто за нашата држава се претставува преку кажувањата на повеќе истакнати академици, универзитетски професори и воопшто научници / истражувачи од областа на македонистиката и воопшто од областа на лингвистиката, книжевната наука и културологијата, вклучително и странски македонисти кои важат за познавачи на делото на великанот – негови современици и потомци. Режисер и сценарист на филмот е Никола Т. Калајџиски. Монтажата е на Аристид Филактов, додека композитор на музиката е Златан Миливоевиќ, а дизајнер на звук е Дарко Спасовски. Како директори на фотографија се јавуваат Дејан Димески и Петар Кочишки. Филмот е подготвен во продукција на „Контраст филм“, а продуцент е Златко Димески. Нашиот ученик Михаил Велјаноски во улога на Блаже Конески како дете!

Comments are closed.