Одбележување на Денот на училиштето - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Одбележување на Денот на училиштето

Блаже Конески е  личност која со своето творештво го одбележа минатиот век. Потврда за неговата плодна научна и уметничка работа се бројни признанија од највисок ранг.

Конески всушност, го прифати жарчето на своите претходници по перо и идеја. Од едните ја научи судбината на јазикот, од другите смислата на нацијата. И сотвори школа. Како своевремено свети Климент Охридски! И Димитрија Миладинов, секако! И ја постави врз цврста основа! Врз историјата и дијалектологијата на македонскиот јазичен ареал и врз престижните примери од уметничката литература на македонскиот јазик. И ја обложи со стихови, свои, со јасно истакнато јас, а врз модели од древни мајстори, што дење твореле врз евангелието и псалтирот, врз триодот и октоихот, а ноќе врз песната и легендата.

Од школата на Конески излегоа и излегуваат и ден денес сите македонисти и македонски писатели.

Традиционално, како и секоја година, оваа 2023г. достојно го одбележуваме Денот на училиштето во чест на нашиот Патрон. Чевствувањето беше направено низ повеќе активности:

  • 14 Декември се реализираше литературно читање на кое учество зедоа ученици од сите основни училишта од градот, но и представноци од Клубот на литературни творци од Прилеп.
  • 15 Декември – Положување на свежо цвеќе пред скулптурата на Блаже Конески во училиштето и Свечена академија со пригодна програма.
  • 19 Декември – Посета на Спомен куќата на Блаже Конески во с. Небрегово, положување на цвеќе и рецитирање на негови стихови во автентичноста на амбиентот.
Коментарите се затворени.