Запишување на ученици за учебната 2020/2021 година - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Запишување на ученици за учебната 2020/2021 година

OОУ „Блаже Конески“ Прилеп ги известува родителите на децата родени  од 01.01.2014 год. до 31.01.2015 год. дека согласно Законот за основно образование запишувањето на децата кои ќе посетуваат прво одделение треба да се реализира во месец мај. Поради новонастанатата ситуација со коронавирусот најверојатно истиот ќе се пролонгира. За почетокот на запишувањето на децата родителите ќе бидат дополнително информирани преку веб страната на училиштето, а и со писмено известување на влезната врата од училиштето.

За децата родени од 01.01.2015 год. до 31.01.2015 год. родителите доставуваат писмено барање до Комисијата за упис при што ќе добијат мислење од стручните соработници.

За упис на децата потребно е:

  • присуство на еден или двајцата родители;
  • присуство на детето;
  • оригинал извод од матична книга на родените без оглед на датумот на издавањето (на увид).
  • потврда за примените задолжителни вакцини издадена од надлежна здравствена организација
  • потврда од стоматолошки преглед издадена од надлежна здравствена организација
  • потврда од офталматолошки преглед издадена од надлежна здравствена организација
  • Лична карта (на увид) од родителот/старателот

Напомена: Добро е родителите да ги подготват документите за да може уписот да се одвива без пречки бидејќи без потребните документи не ќе може да ги запишат своите деца во прво одделение.

Comments are closed.