Во рамки на дводневната посета на НЕ Рејчел Галовеј, амбасадор на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија на 17 септември годинава оствари посета на нашето училиште. За време на посетата амбасадорката беше запознаена со дел од наставничкиот тим на училиштето, планот за поддршка на образовниот процес, искуството и начинот на адаптација на учењето на далечина за време на вонредната состојба предизвикана од пандемијата на COVID-19.
ООУ „Блаже Конески“ учествуваше по проектот „Училишта во 21 век“, поддржан од Британскиот Совет во организација на Министерството за образование и наука и Биро за развој на образованието.