Реализирана обука „Exploring Intelligence in the light of Art“ - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Реализирана обука „Exploring Intelligence in the light of Art“

Од 27.05. до 02.06.2025 год, во Меѓународната академија за образование и развој, кофинансирана од Европската Унија во Анталија, Република Турција, беше реализирана обука „ Exploring Intelligence in the light of Art“ во рамките на Ерасмус+ проектот КА122-SCH-000205511, на која присуствуваа осум наставници од ООУ „Блаже Конески“- Прилеп.
Активностите на оваа обука опфатија повеќе подрачја од областа на теоријата за различните видови на интелигенција и стиловите на учење, поврзани со истите. Преку теоретски презентации, интерактивни работилници и дискусии, учесниците се запознаа со основите на Howard Gardner’s Theory of Multiple Intelligences, при што се стекнаа со основните знаења за оваа теорија, начините да ги идентификуваат различните стилови на учење, како да ги препознаат и поддржат разновидните интелигентни профили кај учениците, и како тоа да го применат во своите наставни практики.
Преку разновидни активности наставниците беа запознаени како да ја интегрираат музиката, танцот, цртањето, драмата и приказните во секојдневнита настава, стекнаа практични вештини за вклучување на разновидни алатки засновани на уметност во различни предмети, користењето на музика, визуелни уметности и драма за образовни цели и креирање на индисциплинарни планови за часови.
Знаењето од оваа обука во голема мера ќе придонесе за да се зајакнат стратегиите за управување во училницата во која има ученици со различни способности, како да се обезбедат конструктивни, персонализирани повратни информации врз основа на профилите за учење и како да се применуваат различни стратегии за да се обезбеди целосна вклученост на сите ученици во училницата.

Comments are closed.