Нашите ученици продолжуваат да нижат успеси!
На 26 .9.2026 година се одржи седмата по ред поетска манифестација ДЕТСКИ ГЛАСОВИ 2026!
Промоција на стихозбирката „Детски гласови 2026“ во организација на Жар Преспа / Ember Prespa.
Дел од стихозбирката , со своите лични творби се учениците од V-3 под менторство на наставничката Весна Арсиќ : Дарија Чадамова, Матеја Грижоска, Сара Стојческа, Ања Ѓорѓиоска, Стефан Стојчески, Адријан Шашески, Стефан Ефремоски, Филип Момироски, Андреј Златески и ученичката Теона Стојаноска од V-2 одделение под менторство на наставничката Наташа Ристеска.
Но, не застануваат наградите, тие продолжуваат.
ГРАН ПРИ за ученикот Стефан Стојчески , ЗА НАЈУБАВО ИЗРЕЦИТИРАНА ПОЕТСКА ТВОРБА , ПРВО МЕСТО за ученикот Адријан Шашески за неговата лична творба, „ Волшебна моќ “ под менторство на наставничката Весна Арсиќ , ВТОРО МЕСТО ЗА ученичката Теона Стојаноска за нејзината лична творба „ Домот што го носам во срцето “ под менторство на наставничката Наташа Ристеска.
Браво Коневци! Се гордееме со Вас! Ви благодараме од срце за секој чекор, секоја насмевка, секој збор и секој миг што го подаривте на сцената.
Галерија.



