По повод Детската недела, учениците од V -3 одделение под менторство на наставниците, тандем настава, Весна Арсиќ и Александар Огненоски реализираа активности под наслов „Штафета на детството“- штафета што не пренесува само порака, туку пренесува љубов, надеж, пријателство и верба во секое дете и „Земи картичка со збор“ ( штафетни игри) со цел преку игра, движење, дружење и тимска работа да ги доближиме до учениците детските права и нивното значење.
Детството е најубавата приказна што животот ја пишува со најчисти бои – со детски насмевки, искрени срца, игра и соништа.
Галерија.



