Во текот на Детската недела учениците од II-3 одделение реализираа повеќе активности посветени на детските права, другарството, љубезноста, креативноста и радоста на детството.
Преку разговори, ликовни изработки, заеднички работилници и едукативни содржини, учениците имаа можност да ги искажат своите мислења, чувства и идеи. Посебен интерес предизвика активноста „Воз на насмевките“, при што секој ученик изработи свое вагонче, а заедно создадоа уникатен воз како симбол на пријателството, заедништвото и среќното детство.
Неделата беше исполнета со смеа, креативност и позитивна енергија, а учениците уште еднаш покажаа дека најубавите пораки се создаваат кога работиме и твориме заедно.
„Детството е најубавата приказна.“ 🌈🚂😊
Видео.



