Во рамките на проектот за училишни градини „Зелен полигон за едукација, алатка за јакнење на еколошката свест“, во организација на „СЛОУ ФУД“ и поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање, нашето училиште ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп е едно од десетте училишта кое ја доби можноста да учествува во проектот.
Учениците од нашето училиште заземаа посебно место со своите изработки, творби и цртежи во првото издание на списанието „Полжавче“ во кое на свој начин јасно ја илустрираа нивната замисла за постоење на една училишна градина.
Проектот претставува креирање училишна градина со цел учениците да се стекнат со навики применливи во понатамошниот живот и подигање на свеста за задравиот начин на исхрана.
Придобивките се значителни, особено во развојот на моториката кај децата, на пример кога да се копа градината, како да се насади или премести. Стекнувањето на работни навики се добро планирани и реализирани, а задно со посветеноста на работата и постигнување на успехот. Учениците стекнуваат поголема одговорност кон растителниот свет и неговите егзистенцијални потреби (вода, хранливи материи). Учат да ги распознаваат растенијата и ја запознаваат природната околина, сите промени и влијанија кои нѐ опкружуваат и дејствуваат врз растителниот и животински свет (дожд, сонце, ветар) клучни за неговиот раст, развој и фукнционирање.
Училишните градини се создадени со цел подигање на еколошката свест и насочување на децата кон органското производство на храна. Се зголемува нивото на социјализација, бидејќи работата во училишната градина бара работа во група, сплотеност помеѓу децата, комуникација, помош, како и поддршка и разбирање.
Изразуваме благодарост за соработката и учеството во овој проект и поддршка во реализација на голем број проекти кои несебично би ги реализирале во иднина.
Успешна работа!
Координатор:
Христина Мирческа
Анета Николоска