Изминатиов период, иако воспитно образовниот процес се изведува во изменети услови прилагодени на светската пандемија предизвикана од КОВИД-19 нашите наставници не се поколебаа да продолжат да ги бодрат учениците да учествуваат на различни конкурси и натпревари и да ги собираат најдобрите места за себе и за нашето училиште. Така, во месец декември дел од нашите ученици конкурираа на објавениот конкурс од страна на градската библиотека „Борка Талески“ во категоријата за најдобар краснопис каде ученичката од четврто 3 одделение, Андреа Андрееска под менторство на наставничката Габриела Стевананџија го освои првото место.
Исто така, по повод Меѓународниот празник на жената 8-ми Март, здружението „КЛУБ НА ЛИТЕРАТУРНИ ТВОРЦИ“ распиша конкурс за „НАЈДОБРА ЛИЧНА ТВОРБА“ за 2021 година на слободна тема, на кој учествуваа наши ученици под менторство на своите наставници. На конкурсот учениците ги освоија највисоките места.
I место
Леона Аврамоска, ментор Вера Искова
II местоМартин Трајкоски ментор Ана Бошкоска
Хана Мечева ментор Весна Арсиќ
III место
Марија Сливоска ментор Весна Арсиќ
Лорин Кочоски ментор Весна Арсиќ
Илина Пашоска ментор Габриела Стевананџија
Им се заблагодаруваме и на учениците Борјана Златеска, Михаил Велјаноски, Лана Вученовиќ, Бојана Трајческа, Меланија Иваноска, Ена Тодороска, Михаела Стојкоска, Христо Пајкароски, чии песни ќе се најдат во зборникот ОД ДЕЦАТА ЗА ДЕЦАТА, како и на менторот Наташа Јовеска кои достојно нè преставуваат како училиште.
Однесете ме
Однесете ме на друго место,
каде што мир се стекнува лесно,
каде што птиците дружно летаат,
каде што цветовите раскошно цветаат,
каде што луѓето не сметаат…
Леона Аврамоска VII2 одд.
Среќата на мама
Најрадосен е Иван кога
на небото ѕуница гледа
тогаш боите ги зема
и нов цртеж спрема…
Мартин Трајкоски IV1 одд.
Ментор: Ана Бошкоска
Мојот татко!
Мојот татко е многу драг
и, не се плаши од мрак,
затоа што е силен и јак.
Со остар поглед,
тој ме брани,
па, ме штити од сите страни…
Хана Мечева III³ одд.
Ментор: Весна Арсиќ
Следуваат дипломите на учениците и менторите за освоените награди и заложби.