По повод Светскиот ден на планетата Земја учениците од V- 3 одделение заедно со наставничката Македонка Костадиноска ги покажаа своите креативни и уметнички способности и реализираа едукативна работилница со неколку активности. Преку ЕКО пораки учениците упатија влијателни, инспиративни и мотивирачки цитати за животната средина со цел да го разбудат и мотивираат екологистот во нас. Групата ученици со изготвениот плакат преку слики, цртежи и текст укажаа на значењето на зачувувањето на нашата животна средина, на проблемите со кои се соочуваат човекот и природата, како и на начинот на кој може да се подобри состојбата на животната средина. Групата ученици преку заедничкиот цртеж на смарт таблата го разбудија внатрешниот љубител на природата и предизвикаа восхит со нивната уметност. На крајот беше проследена и модната ревија на која продефилираа дел од учениците облечени во нивни креации од рециклирани материјали.
Сите ние сме деца на мајката Земја. Нашата љубов, внимание и грижа треба да бидат свртени кон неа. Ние живееме во нејзините прегратки и од неа ја црпиме секојдневната сила. Затоа, сите ние, треба да ја сакаме нашата заедничка мајка- планетата Земја, да ја чуваме и почитуваме.
Планетата Земја не е наследство од нашите родители, туку заем од нашите деца.