Активности - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Активности

По повод Светската недела на детето во нашето училиште учениците од 43 одделение, во координација со наставничката Евгенија Димеска изведоа перформанс за поддршка на светската недела на детето во кој што беа запазени сите принципи со кој што учениците сета своја енергија ја претворија во љубов и порака за убаво детство и мир во светот за секое дете. Проектот е 
Читај повеќе
Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески и Претседателот на Советoт на Општина  Прилеп, на 145 ученици од Прилеп, на свечен настан во Општина Прилеп им доделија парични награди и пофалници за освоени места на државни и меѓународни натпревари во учебната 2022/2023 година. Меѓу наградените беа и наши ученици и ментори кои во изминатата година учествувале и освоиле награди на бројни натпревари 
Читај повеќе
На ден 29.05.2023 и 30.05.2023 се одржа турнир во мал фудбал за промоција на СОУ “Кузман Јосифоски-Питу” на кој зеде учество и тим од нашето училиште. Учениците освоија 2ро место. Им честитаме и се гордееме со нив.
Читај повеќе
На ден 03.06.2023 год. на Природно – математички факултет во Скопје се одржа Републички натпревар по предметот Физика под менторство на наставникот Даниела Стефаноска на кој што учениците Викторија Ангелеска од VIII 2 и Петар Шукуроски oд VIII 4 освоија трета награда.
Читај повеќе
По повод ,,Меѓународниот ден на детето’’ учениците од седмите одделенија при ООУ ,,Блаже Конески’’ Прилеп организираа пригодна приредба. На приредбата беа презентирани креативните работилници по предметот Македонски јазик организирани на часови за орбаботка на лектира под менторство на наставничката Виолета Христоска. Учениците се претставија со драматизации на делови од романи и раскази, при што ја покажаа својата креативност и инвентивност. 
Читај повеќе
На учениците од седмите одделенија во ООУ ,,Блаже Конески’’ Прилеп беше реализирана интерактивна работилница на тeма: ,,Подобрување на меѓучовечките односи преку заедничко решавање на проблеми’’ од страна на специјалниот едукатор и рехабилитатор Антонио Коцески во соработка со класните раководители Валентина Кочоска, Евгенија Ангелеска, Виолета Христоска, Наташа Чубрикоска и Анета Николоска. Поради подобра интеракција со помала група, седмооделенците беа поделени во 
Читај повеќе
Никола Атанасоски 7-3 втора награда, Ева Стеваноска 7-1 втора награда, Сара Петреска 7-2 трета награда, Ангела Челебитова 9-5 прва награда, Ангела Петреска 9-3 втора награда, Елена Бошеска 9-2 трета награда, Милош Игнатовски 9-1 трета награда.
Читај повеќе
Комисијата за еднакви можности реализира активност на тема:Едукација за културно однесување во ОУ од нашиот град. Предавач:дефектолог Елена Крстеска во присуство на советниците од општина Прилеп Александра Димова и Стефани Стојаноска. Целта е подигнување на свеста за примерно однесување на учениците и зголемување на квалитетот на образовниот процес.
Читај повеќе
На 13.05.2023 Сабота учениците од 8мо одделение и членовите од еколошката секција заедно со наставничката Павлинче Темелкоска Ристеска при ООУ „Блаже Конески” ја поддржаа и активно учествуваа во акцијата „Генералка викенд 2023″ предводена од Градоначалникот и екипи на ЈКП Комуналец која се реализираше во месноста Вештачко езеро.  
Читај повеќе
На 06.05.2023 во домот на култура “Марко Цепенков”- Прилеп се одржа државниот натпревар за вокални солисти. Нашиот ученик Ангел Кулески од VII-1 одделение под менторство на наставничката Маја Кузманоски освои ПРВО МЕСТО со освоени 92 бода!!!
Читај повеќе